Здраво! Ова е нашиот нов сајт посветен на љубителите на акваристиката. Ако сте акварист и ако сте од Македонија веројатно сте забележале дека кај нас има хроничен недостаток од информации и материјал за да можете пристојно да се занимавате со ова хоби. Што значи, ова сајтче е обид да поправиме нешто на тоа поле. Доколку овде се приклучат повеќе луѓе, можат да се разменуваат разни информации, како за одржувањето на аквариумите и нивните жители, така и за понудата која може да се најде кај нас. Доколку некој се заинтересира за соработка, со задоволство ќе му отстапиме простор во уредувањето на овој сајт. Како
главен адут на сајтот го сметаме форумот, каде што можат да се отвараат
дебати и да се разменуваат искуства.
|