by Ненад » Sun Aug 02, 2009 3:11 pm
BASTARD, како прво да ти кажам дека пишувањето само со големи букви во Интернет комуникацијата се смета за ВИКАЊЕ, што значи - не е пристојно. А освен тоа е и потешко за читање.
Комбинации има многу, во твојов случај е битно да напоменам дека:
Скалари и караси заедно - не!
Скалари и живоротки - не!
Караси и живоротки - не!
Малави циклиди и се друго што не е Малави циклид - не!
Значи, или само караси (имаш доволно (наказни) вариетети за сепак да биде разновидно), или скалари во комбинација со рибите кои ги предложи Biguran, или малави циклиди, или само живоротки. Изборот е твој.
Иф ју континју ту рајт маседониан уит латин лет`рс, ај уил рајт инглиш уит сирилик, то шоу ју хау стјупид ит ис!
Од Управата
