УРЕДУВАЊЕ НА АКВАРИУМ

Уредувањето на аквариумот заслужува внимание барем колку и изборот на видовите кои сакаме да ги одгледуваме. Конечниот изглед на вашиот аквариум можете да го одредите само вие, според вашите мерила за естетика, но сепак, постојат некои основни начелни правила кои би требало да ги следи секој сериозен акварист. Така ќе избегнете ситуација вашиот аквариум да изгледа како еден од оние аквариуми кои се споменати на страната Акваристика, како пример како еден аквариум не смее да изгледа.

Подлога
Една од основните компоненти во уредувањето на аквариумот е подлогата.Таа треба да е составена од зрна песок (чакал) со гранулација од 2-4 мм. Поситен песок не се препорачува поради тоа што во него нема доволен проток на вода,корените на растенијата се задушуваат, а што е уште поважно во ситен песок се таложат опасни материи како нитрити, нитрати, амонијак и други продукти на метаболизмот на рибите,кои можат да бидат фатални. Покрупен чакал не треба да се користи затоа што во него не можат да се задржат корените на растенијата.Дебелината на подлогата мора да биде барем 6-7 цм, затоа што со поплитка подлога ќе го имате истиот проблем со закоренувањето. Бојата на подлогата по правило би требало да е потемна од естетски и практични причини. На потемна подлога растенијата подобро доаѓаат до израз, а рибите се чувствуваат "побезбедно" и поудобно, при што доаѓа до израз нивниот колорит. Друг, многу поважен параметар е хемизмот на подлогата. Во аквариумот не треба да се става песок или камења од варовничко потекло, бидејќи варовникот (калциум карбонат) се раствара во водата, енормно зголемувајќи ја нејзината тврдина -DH.(Види стр. "Вода"). Дури и ако водата во вашиот аквариум е мека, а одгледувате видови кои бараат тврда вода (живоротки, африкански циклиди и сл.) доволно е само еден варовнички камен кој ќе ја подигне тврдината до некоја нормална граница. Хемизмот на подлогата се одредува на многу едноставен начин: се мие малку песок или камен кој сакаме да го испитаме, се остава да се исуши и потоа се полива со хлороводородна киселина (HCl). Доколку подлогата содржи карбонати во допира со киселината ќе добиете хемиска реакција која се манифестира со пенење и испуштање на бел чад. Во случај оваа реакција да е слаба,значи дека само некои делови на подлогата содржат карбонати. Тогаш целата подлога се полива со киселина во некој сад и се остава најмалку 12 часа. За тоа време киселината ќе ги раствори карбонатите, и откако по третманот обилно ќе ја исплакнете подлогата со вода, таа ќе биде ослободена од нив. Подлогата која можете да ја видите во нашите аквариуми на сликите е т.н. "Катлановски" песок, кој се користи во градежништвото. Други добри подлоги се: кварцот, гранитот, базалтот и сл. Не смее да се става: бигор, мермер, доломит.

Позадина
Позадината на аквариумот е исто многу важна.Таа може да се изведе на многу начини.Дефинитивно најлош и најнепогоден начин е да ставите слика од морско дно зад аквариумот, варијанта која ќе ви ја предложат најголемиот дел од продавачите на риби. Многу подобро е како позадина да ставите црна, темносина или темно зелена хартија, целофан, пластика или некој друг материјал.Позадината треба да е темна поради истите причини како и подлогата.Друга можна варијанта е во задниот дел на аквариумот да поставите стакло, од внатрешната страна, на кое со силикон ќе залепите од чакалот кој го користите како подлога. Така ќе добиете природен изглед на вашиот аквариум. Недостаток на оваа варијанта е што дава оптички ефект како позадината да е многу блиска до предното стакло.Темната позадина зад аквариумот дава спротивен и многу попријатен ефект на "длабочина".

Опрема
За техничката опрема во аквариумот има посебна страница на овој сајт. Во контекст на уредувањето само ќе спомнеме дека во аквариумот таа треба да е колку што е можно помалку видлива, што значи максимално замаскирана и неупадлива.

Растенија
Растенијата во аквариумот се распоредуваат по општото правило: оние со понизок раст се садат напред,додека повисоките во позадината. Одредени растенија кои растат високо во поголеми аквариуми можат да се садат и во помали групи на средината, меѓутоа сепак треба да се води сметка да не доминираат со слободниот простор. Исто така треба да се води сметка за потребите на секој вид од светлина, и според тоа да се распоредат растенијата, или да се намести светлото соодветно на нивните потреби. Други правила за распоредот на растенијата нема. Останатото го распоредувате според ваш вкус. На страницата "Растенија" можете да ги видите оние видови кои најчесто можат да се сретнат кај нас.

Дрво
За употребата на дрво во аквариумот информации ќе најдете на страницата "Останато". За неговата форма можете да одлучите само вие.

Во продолжение на овој текст ви даваме неколку примери како би можел да биде уреден вашиот аквариум. Тоа се строги имитации на биотопи од различни тропски подрачја и кои одговараат за одредени видови на риби од тие подрачја, како и некои комбинации кои се измислени од акваристите и кои успешно функционираат. Секако дека не морате строго да ги имитирате овие примери.

Американска Делта

Bidejki megju najcesto odleduvanite ribi kaj nas se zivorodkite,prv predlog za vas e akvarium ureden tokmu vo stil na nivniot priroden biotop: Amerikanska delta. Zivorodkite ziveat vo vlivovite na rekite vo morinjata,kade sto se mesaat slatka i solena voda.Zatoa e pozelno vo vodata da se dodade morska sol,1 kafena lazicka na 1l voda.Vodata treba da e i so pogolema tvrdina.

 

Амазонски Биотоп

Amazon:Verna imitacija na dnoto na rekata Amazon.Odlicen dizajn za akvarium so skalari,haracidi,ili nekoi drugi juznoamerikanski ciklidi.Vodata treba da e sto pomeka (do 10 DH) i slabo kisela (okolu 6,5 pH).